Владата нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење, порача Ковачевски

0
15

Во однос на енергетската криза, производителите на електрична енергија во државата – ЕСМ доби јасна задача, да ги пушти во погон, односно да воспостави производство во сите расположливи капацитети. Во моментов ЕСМ произведува со два блока, во тек е пуштање и на третиот блок во РЕК Битола. Пуштена е во погон и електраната во Осломеј, „КОГЕЛ“ веќе работи, а се работи на пуштање на вториот котел во Неготино. Со тоа се задоволени сите потреби на „ЕВН Хоум“, кои ги задоволуваат потребите на граѓаните.

Ова вечерва на прес-конференција го соопшти претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Владата во тој дел, како што рече, исто така донесе одлука за намалување на данокот на додадена вредност при првиот удар на енергетската криза и зголемувањето на цената на елекктричната енергија, од 18 на пет проценти.

– Исто така со средствата кои се префрлаат на ЕСМ како производител на струја, се обезбедуваат прво суровини за прозводство на електрична енергија, и второ електрична енергија доколку за тоа има потреба, за балансирање и за задоволување на потребите на пазарот, за компаниите, рече Ковачевски.

За топлинската енергија, Ковачевски вели дека според законите, топлинската енергија и БЕГ, односно целата инфраструктура за затоплување со парно греење е во надлежност на Град Скопје.

– Град Скопје треба да биде свесен дека треба и тие да предвидат мерки, кои очигледно не се предвидени во рамки на нивниот буџет за справување со оваа криза. Без оглед на тоа, веќе во Владата економскиот тим одржа состанок на кој се разгледа ситуацијата и прво сите владини институции веќе плаќаат цена за топлинска енергија по пазарни услови, што значи според цената на гасот која ја набавува операторот на системот во Град Скопје. Како второ, Министерството за финансии обезбеди финансиски средства на БЕГ за набавка на гас од Развојната банка на Република Северна Македонија, изјави претседателот на СДСМ.

Додаде дека средствата им се понудени, но за тоа БЕГ како приватна компанија треба да понуди гаранција со која ќе го обезбеди кредитот, според пазарни, банкарски услови.

Доколку тоа не се случи, како што рече, тогаш се разгледува опција за времено прземање на работењето со компаниите во Скопје кои се задолжени, согласно своите лиценци, да обезбедат топлинска енергија на граѓаните на Град Скопје.

– Владата нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење во зима, нагласи претседателот на СДСМ.