ВМРО-ДПМНЕ го обвини Спасовски дека му дал македонски пасош на Звицер кој спремал атентат на Вучиќ

0
31

Aтентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ подготвувал мафијаш кому министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски му даде пасош, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Информациите на Европол, потврдени од МВР на Србија, покажуваат дека е откриен заговор за атентат врз претседателот Вучиќ, а атентаторот е Радоје Звицер, кој добил македонски пасош, објави ВМРО-ДПМНЕ. Според нив. дека нов скандал го тресе македонското МВР.

Од партијата велат дека освен симболична казна за неколку службеници во полицијата кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши.

„ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата ‘мафија’ пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош, но под друго име, е токму атентаторот на Вучиќ, Радоје Звицер“, пишува во партиското соопштение.

Српската премиерка Ана Брнабиќ даде детали за атентатот кој му го подготвувала криминална група на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Брнабиќ вели дека ова не е прва закана, но ќе има и некои кои ќе се потсмеваат со тоа.

Инаку, аферата со пасошите покажа дека над 200 луѓе добиле патни исправи со украден идентитет од македонски граѓани. Меѓу овие лица имаше криминалци од регионот.