Во тетовско во семејната куќа ја нападнал сопругата неговата ќерка и мајка, гостиварец пак ја нападнал сопругата и двете дечиња 

0
21

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер  околу 21 часот го лишиле од слобода 42-годишниот Р.С. од тетовско село, кој еден час пред тоа во семејната куќа физички ги нападнал сопругата, малолетната ќерка и неговата мајка. Тој е задржан во Полициската станица Tетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Вчера пак околу 18 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода  34-годишниот Ф.А. од гостиварско село, кој претходно околу 15 часот  во стан во Гостивар физички ги нападнал 23-годишната сопруга и нивните две малолетни деца. Ф.А. е задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка и против него ќе следува поднесок.

Во СВР Тетово вчера попладне пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучката за Жеровјане, а во која учествувале три патнички моторни возила: „ауди“ со хрватски национални ознаки управувано од 48-годишниот Ф.А. од тетовски Пирок, „мерцедес“ со гостиварски ознаки што го управувал 20-годишниот Б.А. од гостиварско Сенокосе и „опел“, исто така, со гостиварски ознаки, управуван од 55-годишниот М.А. од тетовско Боговиње. Во несреќата, сопатничката од „опелот“, Д.А.Х.(32) од гостиварско Дебреше се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и уште еден сопатник од истото возило се здобиле со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.