Во тетовско над 2000 различни видови сообраќајни прекршоци за само еден месец

0
17

Во текот на декември минатата година полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, во Тетово и Tетовско, во редовни и над триесет акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале  2002 различни видови неисправности, односно сообраќајни прекршоци или 797 повеќе во споредба со истиот период лани.

Во контролните активности, спроведени минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 93 возила, од кои 62 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а 31 поради утврдена техничка неисправност.

Во декември, исто така, од сообраќај биле исклучени и 311 возачи или речиси двојно повеќе од ланскиот декември, од кои 162 управувале без возачка дозвола, 78 под дејство на алкохол, 53 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, 5 со несоодветна категорија и 13 со важечка забрана за управување.

Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 9 возила, 148 возачки  и 52 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 333 непрописно паркирани возила, најмногу во централното градско подрачје и  пред се во таканаречени „двојни редови“, во зона на крстосници, на пешачки премини и на други недозволени места.

…..