Дали техничката Влада ќе оди во историја?

0
17

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го достави до Собранието предлогот за укинување на техничката влада, а власта останува на ставот дека предвремени избори нема да има.

Предложените измени на Законот за Влада предвидуваат бришење на околу девет точки од законот, со што практично техничката влада би заминала во историја, но и дека измените одат со барање за предвремени избори.

„По однос на тоа прашање последиците кои што ќе произлезат од тој предлог закон ќе биде враќање на моделот на функционирање на парламентарни избори или предвремени парламентарни избори пред 2016-та година и доколку сметаат дека се толку сигурни во победата еве може да го прифатат и изгласаат,“ изјави вчера на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Од власта повеќе пати повтори дека сега не е време за избори, затоа што сме во време на пандемија, а светот и Македонија се соочуваат со енергетска криза.

Опозицијата извесно време бара избори.