Вицепремиерот за европски прашања Николај Димитров отворено изјави дека нема целосна доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи, подвлекувајќи дека неговите напори да успее во преговарачкиот процес не само што се погрешни, туку и опасни.
„Немам целосна доверба во министерост за надворешни. Имам впечаток дека таму има еден драјв за успех по секоја цена, што мислам дека не е продуктивен и е опасен. Се надевам дека грешам, но моја граѓанска должност, како човек кој со години работи на оваа кауза е да бидам буден и да го следам процесот“, рече Димитров