ЕУ сака четирикратно да го зголеми производството на микрочипови до 2030 година

0
65

Европската комисија наскоро ќе го претстави планот за четирикратно зголемување на европското производство на електронски чипови до 2030 година и тоа ќе биде една од главните иницијативи на европската индустрија, клучна од геополитичка гледна точкa.

Сакаме да достигнеме 20 отсто од светското производство до 2030 година, знаејќи дека дотогаш пазарот треба да се удвои. Затоа Европа треба да го зголеми сопственото производство за четири пати“, вели европскиот комесар за внатрешна трговија Тиери Бретон за францускиот весник „Les Echos“.

Глобалната економија сега се соочува со недостиг на полупроводници, додека побарувачката е зголемена поради зголемената дигитализација.

Новиот проект наречен „ Chips act “ делумно ќе биде финансиран од европските фондови, вели Бретон.

„Помошта не само што ќе биде доделена за финансирање на зголемувањето на сегашните производни линии за да се справиме со сегашниот недостиг, туку и ќе ги поддржи иновациите и производството на чипови од новата генерација“, вели еврокомесарот.