Инцидент помеѓу вработени во тетовската болница

0
19

Полицијата во својот билтен регистрираше инцидент во тетовската болница. Здравствен работник физички нападнал своја колешка.

44-годишна жена вработена во тетовската клиничка болница пријавила во полиција дека била нападната од друг вработен во оваа установа.

„На 12 јануари во 10:15 часот во СПБ Тетово, 44-годишната А.А од Брвеница од Тетово, вработена во клиничката болница во Тетово, пријавила дека околу 09:00 часот по претходна расправа била физички нападната од Б.К. од Тетово, истовремено вработен во болницата“, соопштуваат од СВР Тетово.