Каракачанов: Петков мораше да одговори дека во Бугарија немало фашизам

0
42

Склучивме договор меѓу две земји-партнери, а не меѓу непријатели. Денеска страдаат Македонците. Бугарија е во ЕУ и НАТО. Тие страдаат од сопствената глупост, кажа лидерот на бугарската партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, во изјава за „БНТ“, додавајќи дека посетата на бугарскиот премиер на Скопје претставувала грешка.

– Ново е што испратија како официјална нота до ОН дека името Северна Македонија се однесува само на територијата на нивната Република Северна Македонија. Тоа е добро, но погледнете ја реакцијата на македонскиот претседател по средбата со нашиот премиер, па затоа велам дека нашиот премиер нема многу причини за оптимизам – смета Каракачанов.

Тој му замерува на Петков и што не го негирал постоењето на фашизмот во Бугарија.

– Не можете да одите и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти. Тој мораше да им одговори, господа, немаше фашизам во Бугарија и тоа е научно докажано и треба да ставите крај на овие југословенски и советски клишеа – додаде Каракачанов.

Опозицискиот лидер се осврна и на најавите за воспоставување авионска линија меѓу Софија и Скопје.

– Зборуваме за големиот успех што за два месеца ќе има авионска врска меѓу Софија и Скопје, но никој нема да патува со оваа авиолинија. Во 2009 година таква авиокомпанија беше затворена затоа што никој не сакаше да патува. Се зборува за Коридор 8, отприлика пд 1998 година. Тоа го ветија сите македонски влади, вклучително и владата на Заев и ништо не прават. Имаме завршиме два километра и тие ги нема каде да одат – порача Каракачанов, нагласувајќи дека бугарските политичари треба да ги бранат интересите на Бугарија.