Касами вети повисока плата и подобри услови за вработените во Комунална хигиена Тетово

0
36

По посетата на вработените и просториите на единицата „Комунална хигиена“ во ЈКП Тетово, градоначалникот Биљал Касами вети дека наместо простории со кал, ќе добијат подобри услови за работа, како и повисоки плати.

Според него, за луѓето кои работат на собирањето на сметот низ градот ќе има целосна трансформација на условите за работа.

-Лошите услови во кои работат се ужасни. Кал и катастрофални канцеларии. Застарена облека и минимална плата. За нас, ова е аларм веднаш да преземеме чекори за решавање на нивните долгогодишни проблеми. На нивната грижа за нашиот град треба да се врати со награда. Пред нив ветив дека ќе има поголема посветеност. Новата облека и зголемувањето на платите ќе бидат почетна точка на трансформацијата на ЈКП, истакна Биљал Касами.

Според информациите на Општината за ЈКП Тетово, ќе пристигнат нови камиони и контејнери кои директно ќе служат за олеснување на нивната работа и чистотата во градот.

Вработените во ЈКП Тетово со години наназад се соочуваат со доцнење на платите и здравствено и пензиско осигурување.