Касами – Годинава Тетово со нови 2170 паркинг места

0
23

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами пред медиумите на пресс конференција се пофали дека до крајот на 2022 година Тетово ќе добие нови 2170 паркинг мест, од кои 425 места за зонско паркирање, 775 затворени паркинзи и 1610 паркинг места на отворени паркиралишта на катови.

Тој посочи дека реализација за повеќе паркинг места за град Тетово, ќе се одвива во четири фази. Од јануари до март, од април до јуни, од јули до септември и од октомври до декември.

-Во првото тримесечје за 2022 година ќе имаме 195 дополнителни паркинг места во рамки на зонското паркирање, додека за затворени паркинзи се предвидени 230 места. Така што вкупно во фазата на првиот квартал ќе имаме дополнителни 425 паркинг места.Во втората  фаза се опфатени нови затворени паркинзи каде ќе имаме 415 нови паркинзи. Во третата Фаза ќе се опфатат двата булевара, тој на Благоја Тоска со 150 паркинг места и дел од булеварот Илинденска со 80 паркинг места.Четвртата фаза опфаќа и претежно затворени паркинзи, рече Касами.