Косовски автобус се преврте во близина на Крушевац, повредени 17 лица

0
45

Автобусот на превозникот „Зита турс“, слета од патот и се преврте кај Крушевац, Србија. Лесно се повредени 17 лица, а на лице место пристигнаа автобуси од истиот превозник за да ги преземат патниците.

Сообраќајката се случила синоќа откако автобус со косовски регистарски таблици, на патот Блаце – Крушевац се превртел во близина на населеното место Шавране.

Од засега неутврдени причини, автобусот кој се движел кон Крушевац, минал на левата страна на коловозот и се превртел на страна.

Од 17 повредени кои се повредени и кои се префрлени во Ургентниот центар во Крушевац, само едно лице доживеа тешка повреда, но е надвор од животна опасност.

Автобусот се обраќал на релација Приштина – Грац.