Медицински напредок – за првпат во историјата срце од свиња пресадено на маж

0
58

За првпат во историјата на маж му е пресадено свинско срце! Операцијата се случила во болница во Балтимор, Мериленд. Пациентот кој доби трансплантација на срце од генетски модифицирана свиња засега се чувствува добро, но според хирурзите е рано да се даваат долгорочни прогнози.

Дејвид Бенет (57) влегува во историјата како првиот човек кому му била пресадено свинско срце, а бил на работ на смртта во времето кога лекарите се решиле на овој чекор.

Бенет бил на апаратите со месеци и неговото срце било толку оштетено што мислел дека нема да ја преживее операцијата. Исто така, во претходниот период не го послушал лекарскиот совет, не земал терапија и не доаѓал на прегледи.

„Знаев дека ова е мојата последна шанса и сакам да живеам. Шансите се мали, но ова е мојата последна шанса. Или ќе умрам или ќе ме оперираат”, рекол Бенет пред да биде ставен под анестезија.

Операцијата е направена во петокот, а Бенет засега закрепнува, се чувствува добро и дише без респиратор.

„Операцијата покажа дека трансплантацијата на срцето на генетски модифицирано животно не предизвикува итно отфрлање на органите“, рекоа неговите лекари, свесни за ризикот од умирање на Бенет бидејќи вакво нешто никогаш не е направено и неблагодарно е да се даваат предвидувања.

Сепак, постои надеж дека доколку овој случај успее, во иднина ќе се реши хроничниот недостиг на органи за трансплантација.