НАТО Е ПОДГОТВЕНО ДА ВОЈУВА СО РУСИЈА Столтенберг открива што ќе се случи ако не успеат преговорите

0
31

Додека Вашингтон гледа простор за договор во тоа што ќе ги тргне своите ракетни распоредувања само во Украина, Русија бара многу повеќе: целосно излегување на НАТО од повеќе источноевропски држави и други гаранции. Според генералниот секретар на Алијансата, НАТО е подготвено за конфликт и за санкции кон Москва, доколку неделава не се постигне договор во Женева.

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, во интервју за Фајненшл Тајмс вчера изјави дека одбранбениот пакт предводен од САД е подготвен за „нов вооружен конфликт во Европа“ доколку преговорите за разоружување со Москва пропаднат. НАТО веќе ја предупредило Москва да се откаже од своите воени вежби и да соработува со Западот и дека оваа недела е клучна во Женева да се спречи војната во Украина. Сега следува тешка недела на убедување кој и како ќе ги тргне своите бази и опрема.

– Јас сум свесен за историјата на Русија. Со векови тие доживуваат конфликт со соседите. Но, Русија има алтернатива: да соработува, да работи со НАТО – рече Столтенберг.

Близу 100.000 руски војници чекаат на готовс на локации блиску до границата со Украина, но претседателот Владимир Путин негираше каков било план за инвазија. Сепак, тој предупреди на можна војна доколку САД и НАТО ги игнорираат барањата на Москва за одбранбени договори кои сериозно ќе ги намалат капацитетите на САД и НАТО во Европа.

Плусинфо