На Попова Шапка расчистувал нарушени односи со пиштол

0
22

 

Дваесет и деветгодишниот  И.Ш од скопска Копаница вчера (9 јануари) во 21 часот и 25 минути пријавил дека десетина минути пред тоа на Попова Шапка, каде престојувал со неговиот брат  Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија,  Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото.Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З.Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.