На Попова Шапка се изгубиле 30 лица, тројца се повредени

0
29

Вкупно 30 лица биле изгубени во текот на денот поради појавата на магла и намалената видливост на Попова Шапка.

Од Ски-центарот „Попова Шапка“ информираа дека тие се пронајдени, а тројца од нив биле повредени.

Повредените беа извлечени, од страна на спасителните служби, на пристапно место каде што со помош на Итната медицинска помош, еден од нив, е пренесен во медицинска установа за понатамошно лекување“, соопшти ски-центарот.

Инаку, поради маглата, а заради безбедносни причини запрени се шестоседата жичница, двоседата жичница “Церипашина” и ски-лифтот “Ге

Претходно МВР јави дека во 10 часот и 30 минути, двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат.

„Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од “Елем Турс’ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон“, соопшти МВР.