Недела неработен ден може да падне на Уставен суд

0
23

Уште не заживеа целосно во пракса, работниците не ги добија ниту повисоките дневници, а „недела неработен ден“ може да падне на Уставен суд.

Најголемата комора на престваниците на најголемите бизниси во земјава – Стопанската комора на Севера Македонија преку две иницијативи ги оспорува законските одредби за „недела неработен ден“. Иницијативите се стасани во периодот од 10 до 14 јануари годинава. Комората оспорува членови од двата закони кои собранието ги изгласа пред Нова Година за тие да почнат да се применуваат во пракса од почетокот на годинава.

Членовите 4,5 и 6 од измените и дополнувањата на Законот за трговија кои се однесуваат на работното време, инспекцискиот надзор и прекшочните санкции, според Комората биле во спротивност со слободата на пазарот и претприемништвото и начелото на еднаквост, загарантирани со Уставот.

 

Со втората иницијатива се оспоруваат измените во Законот за работни односи кои се однесуваат на уредувањето на работата во недела. Одредбите според Комората се спротивни на слободата на пазарот и претприемништвото, темелмните вредности и еднаквоста на граѓаните.

Ова доаѓа во време кога само што почна да функционира неделата како неработен ден и кога паднаа првите казни од инспекторите за прекршување на работничките права.

Преземено од ММС