ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО – МИЈАЛКОВ ЗАРАЗЕН СО КОВИД-19, НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПЛАЦЕВИТЕ НА ВОДНО”

0
17

Рочиштето за предметот Плацеви на водно е одложено. Орце Камчев прв пат откако излезе од притвор се појави на суд додека пак Сашо Мијалков отсуствуваше бидејќи е болен со коронавурсот. Судењето е одложено за 24 јануари. Во предметот обвинети се поранешниот премиер, Никола Груевски, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ и Јордан  Камчев, неговата мајка, Ратка Камчева и поранешниот шеф на УБК, сашо мијалков. Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“. Првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.