Осумте водопади на Камењанска Река – неверојатен феномен во близина на Тетово (фото)

0
76

Камењанските Водопади се необични и атрактивни затоа што реткост е да видите толку голем број на водопади на мал географски простор.

Сите осум водопади на Камењанска Река се различни според висината и ширината. Седмиот водопад е највисок, неговата висина е околу 12,5 метри, а според многумина, последниот од осумте е најубав.

Камењане е оддалечено од Тетово само 7 километри. Од селото до првиот водопад ве дели околу 30-минутно пешачење и точно обележана патека каде се наоѓа секој нареден водопад.

Ова е интересен предел во западна Македонија, особено привлечен за сите кои ја ценат природната убавина, планинарите, но и авантуристите.

Преземено од Црно Бело