„Подобро за Тетово“ со долгорочен проект за отстранување на кучињата скитници од градските улици

0
18

Иницијативата „Подобро за Тетово“ и нејзините советници во Советот на општина Тетово работат на предлагање на долгорочен проект за отстранување на кучињата скитници од градските улици.

 

 

– Со оглед на сериозноста на ова прашање, работиме на тоа да предложиме долгорочно решение, а не привремено, кое потоа ќе го доставиме до Советот за да го разгледа и заеднички да одлучиме за текот на истото. Општина Тетово веќе има детален план за работа по ова прашање, но за жал со помал буџет во однос на лани. Како што сме информирани како советници, потребно е регионално решение, бидејќи локалните се докажа дека не биле доволно успешни. Дефинитивно недостасуваше соодветна стратегија за работа бидејќи овој проблем не е сериозно адресиран, без да се има грижа да се почитуват постоечкиот закон, изјави за „Слободен печат“ Елмедина Абдулахи општинскиот советник во општина Тетово од иницијативата. „Подобро за Тетово“.

Несомнено, додава таа, ние како советници ќе ги следиме сите фази на реализација на планот што го подготви Општината и за тоа ќе ја информираме јавноста.

Извор Слободен печат