Претреси во тетовско, пронајдено оружје

0
29

Полициски службеници на СВРТетово денеска (21 јануари) од 16 часот и 15 минути до 18 часот и 50 минути , со судски наредби, извршија претреси во домовите на Н.А.(24) и неговиот роднина Р.Л.(27) во тетовски Порој.

Притоа, во домот на Р.Л. пронајдени се три парчиња огнено оруже: 2 ловечки пушки, од кои една од американско производство и “хеклер”, над 170 куршуми од различен калибар, елек, футрола, ремен и 13 пакувања со остатоци од бела прашкаста материја.Р.Л. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

По целосно расчистување на случајот, во консултација и координација со Јавен обвинител, Р.Ј. во текот на утрешниот ден, со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.