Приведен крадец од Гостивар, одземеното ќе биде вратено на сопствениците Опсервер: Приведен крадец од Гостивар, одземеното ќе биде вратено на сопствениците

0
19

– Полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера во 18:15 часот го лишиле од слобода лицето П.Е. (35) од Гостивар, осомничен дека сторил кривични дела „тешки кражби“, извршени во текот на декември 2021 година од деловни објекти во Гостивар.

Како што соопштија од МВР, притоа кај него биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците. П.Е. е приведен и задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.