Радев не го менува ставот за Македонија и порача Албанија да не чека

0
18

Бугарскиот претседател Румен Радев не го смени тонот, и вели дека Македонија не исполнила ништо.

Вели дека давањето согласност за почнувањето на преговори за Македонија со ЕУ не треба да се врзува со рокови туку со реални остварувања.

Радев рече дека Бугарија не го одрекува правото на македонските граѓани да се самодекларираат и нарекуваат како што сакаат, но инсистира на целосна рамноправност на македонските Бугари.

„Четири години по потпишувањето на договорот од 2017 година, Република Северна Македонија не го направила тоа што е потребно за негово спроведување, но исто така не ни гарантирала исполнување на обврските“, вели Радев.

На крајот тој ја повтори бугарската позиција дека на Албанија треба да и се дозволи да ги почне преговорите и да не ја чека Македонија.

ВМРО-БНД организира мирен протест во пресрет на состанокот кај Радев.

Бугарскиот премиер Кирил Петков наскоро доаѓа во посета  на земјава.

Eвропратеникот Ангел Џамбаски e со став дека македонското прашање може да и пресуди на бугарската Влада.

„Бугарската влада може да го издржи притисокот за Македонија, ако сака, ако не – ќе падне“, изјави европратеникот Ангел Џамбаски, заменик претседател на ВМРО-БНД, пренесе „Труд“.