СДСМ се закани со инспекција: Максим Димитриевски ги остави кумановчани без јавен превоз во зима

0
17

Кумановскиот огранок на СДСМ денеска упати остри критики на адреса на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, бидејќи градот во моментов се уште нема јавен превоз за жителите.

„Димитриевски во предизборната трка да склучи пакт со ВМРО-ДПМНЕ заборава
да склучи договор за јавен градски превоз со што ги остава граѓаните на
милост и немилост сами да се снаоѓаат

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во предизборната
паника да го одржи пактот со ВМРО-ДПМНЕ за да го одржат на власт,
заборава да распише тендер за јавен градски превоз“, реагираат од СДСМ.

Според партијата, постапката за избор на превозници ќе трае подолго време, бидејќи од таму сметаат дека ќе има жалби.

„Димитриевски ја започнал постапката со јавен оглас на 14.12.2021, а
доколку истата беше отпочната пред локалните избори немаше граѓаните да
се соочат со овој хаос во јавниот градски превоз“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека граѓаните се оставени сами на себе да се снаоѓаат за превоз, а со тоа ќе им се зголемат и трошоците, а надлежните инспекциски служби се повикани да го истражат работењето на Димитриевски.