Се крои јавнообвинителската одлука за пожарот во модуларната

0
28

Попладнево петте тетовски обвинители започнаа да го разгледуваат германскиот извештај од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Извештајот изработен од Сојузната криминалистичка полиција во Германија, пристигна на 14 јануари, но денеска е целосно преведен на Македонски јазик, по што следува негово читање и анализа, потврдија за ММС од тетовското јавно обвинителство.

Ние сега започнавме да го разгледуваме германскиот извештај и во корелација со другите докази кои ги имаме на располагање, треба да се донесе јавнообвинителка одлука. Во предметот обвинителството постапува ажурно и темелно со цел во детали да се утврдат сите факти за несреќата. Со германскиот извештај веќе предметот ќе биде во истражна постапка. Заеднички се работи со останатите четири обвинители, во интерес на истрагата, не смеам повеќе да давам информации, рече Бесир Алиу јавен обивнител од Јавното обвинителство Тетово.

Германскиот извештај од седум страници според најавите на надлежните требаше да биде готов за еден месец. Но и по повеќе од четири месеци од страотниот пожар, истражниот процес тапкаше во место. Досега нема ниту еден осомничен, единствено вештачењето на МВР покажа постоење на електричен спој на кабел, на кој бил приклучен дефрибилатор. Беа извршени уште две вештачења – од Технолошкиот факултет и од електроинжинер,

Опожарената Модуларна болница во Тетово се уште сведочи за големата трагедија, која на 8 септември ја потресе земјава и регионот. Полициските траки и обезбедувањето ги нема, но остатоците од модуларната болница се уште се тука. Во пожарот во модуларната болница на 8 септември минатата година животите ги загубија 14 луѓе.