Скопје претпаднето беше најзагаден град на светот според апликацијата на „IQAIR“

0
16

Скопје денеска го освои неславниот врв по загаденост во светот.

Претпладнето метрополата се најде на првото место, според податоците на светскиот сервис „IQAIR“, кој го следи загадувањето во глобални рамки. Со индекс на штетни честички од 194, Скопје ги надмина традиционално најзагадените светски градови како дака, Делхи и Калкута..

Пред 10-ина дена Град Скопје воведе мерка за бесплатен јавен превоз, но по два дена беше укината поради подобрувањето на квалитетот на амбиенталниот воздух.