Судот ги објави причините зошто Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија

0
59

 

Федералниот суд на Австралија денеска ги објави деталите зошто на Новак Ѓоковиќ му беше укината визата и зошто српскиот интернационалец беше депортиран од земјата. Истата се состои од 106 точки, а клучно за укинување на визата е појавувањето на Ѓоковиќ во јавност по позитивен тест на Ковид-19.

Новак Ѓоковиќ на 18. декември во Белград имал интервју за „Л’Екип“ знаејќи дека е позитивен на коронавирусот. Министерот Алекс Хок ова однесување на Србинот го оценува како неодговорно однесување на позната личност кое може да се повторно и во неговата држава. Со тоа Ѓоковиќ е опасност по здравјето и јавниот интерес на Австралија.

Според последните информации од Австралија, српскиот ас и неговите адвокати подготвуваат тужба против австралиската влада во износ од 4.3 милион австралиски долари поради лошиот третман при неговиот престој во Мелбрун, а во нив влегуваат и можните 3.1 милион за освојување на првиот АТП турнир во сезоната.

Како потсетување, Ѓоковиќ помина 11 дена во Австралија, но не доби шанса за испишување на историја со 21. гренд-слем титула во кариерата.