ТЕТОВО – за дефектот на водоводот ќе се менуваат цевки 11 километри!

0
20

Половина Тетово веќе две недели е без вода за пиење. Причина е пукањето на главната цевка која го снабдува градот со вода. Надлежните велат дека екипите се веќе во месноста Лешница, но поради ниските температури работите за санирање на дефектот ќе траат неколку дена.

 

 

„Сега го поместуваме прстенот кој треба да го санира дефектот, односно да се замени и мора да се интервенира за да се поправи. Во рок од неколку денови или денеска или утре може да се санира, но може и да трае бидејќи климатските услови си го прават своето.“

Директорот на Општинското јавно претпријатие вели дека причина за честото пукање на оваа цевка е тоа што не е поставена според бараниот стандард за притисок на водата. Оваа зима само ќе го санираат дефектот, а на пролет се планира целосно да се замени во должина од 11 километри.

„Цевките во документација се напишани поинаку, а на терен има други цевки кои не ги исполнуваат критериумите и се појавуваат дефекти. Но, во координација со градоначалникот на пролет ќе ја разгледаме водоводната мрежа, во документот се напишани цевки од 12 бари, додека на терен има цевки од шест бари и не го трпат притисокот. Приближно 10 или 11 километри ќе треба да ги смениме цевките.“

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ден претходно најави ревизија на целиот проект за водоснабдување и откри дека тој немал ниту технички прием пред да биде пуштен во употреба.

извор АлсатМ