Тетовското дуо „DBG“ со песната „DRIP“ се приклучува кон музичката трап сцена во Македонија

0
70

„DRIP“ е новата трап нумера на музичкото дуо „DBG“ зад кое се потпишуваат младите изведувачи Стефан Јакимовски и Мирослав Спасоски.

Поттикнати од новиот музички бран што во земјава се провлекува во последните неколку години, дуото го сними својот втор сингл во продукција на Nikolic Production. Придружена со видео спот, песната премиерно беше промовирана на 16-ти јануари годинава на платформата YouTube.

„За сега работиме на снимање заеднички проекти, споделуваме идеи и создаваме музика, а се надевам дека сорбаотката ќе продолжи и ќе ги исполниме сѐ што имаме започнато. Снимањето и продуцирањето на „DRIP“ траеше еден ден одземено времето за планирање и реализација и ние сме задоволни од она што излезе како финален производ.“, вели Николиќ кој досега ги има продуциарно и песните на тетовското хип-хоп трио „Pixeli“ и „Млади и луди“ од Мартин Рангелов.

Другата песна на „DBG“ е достапна на следниот ЛИНК.