Триесет дена притвор за жител на Порој кај кого беше најдено оружје и муниција

0
40

Жителот на Порој кој вчера беше приведен откако кај него беше најдено оружје и муниција доби и мерка притвор. Полицијата информира дека се обезбедени двајца негови роднини кои при претресот вчера нападнале полицаец.

Триесет дена притвор за Р.Л (27) од тетовскиот Порој денеска му определил судија во претходна постапка на Основен суд Тетово. Тој ќе биде спроведен во Затвор Скопје за издржување на мерката.