Трифонов бара прво укинување на визите за САД за Бугарите, па преговори со Македонија

0
20

Конструктивен разговор со новата бугарска Влада и брзо деблокирање на процесот, очекува шефот на дипломатијата Османи во наредниот период. Тој најави дека првата средба со премиерот Петков ќе се оствари веднаш откако ќе биде официјализирана македонската влада. Османи коментирајки ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можно одвојување на Албанија од Македонија во процесот на проширување, истакна дека тоа не би било продуктивно за никого.

Истите заложби за интензивна соработка и добрососедски односи деновиве доаѓаат и од Софија, но без конкретен одогвор кога Бугарија ке го укине ветото за Македонија.

Решение за проблемот понуди лидерот на бугарската партија Има еден Народ, од чии редови доага и новата минситерка за надворешни работи Теодора Генчовска. На својот ФБ профил Слави Трифонов порача дека на Бугарите  им е преку глава од чекање за американски визи и влез во Шенген зоната и затоа се подготвени да им ги скратат маките на соседите ако се изпазарат со Вашингтон и Брисел.

– Бугарија веднаш треба да стане дел од Шенген зоната. Аман од чекање, иако сме Европејци, помалку сме Европејци од вистинските Европејци. Така што, без визи во Америка и дел од Шенген, веднаш. Бидејќи Сад и ЕУ бараат од нас да бидеме лојални партнери, добро, ама лојалноста е двострана. Дури откако ќе се исполни тоа и откако, како што северномакедонците ги исполнат нашите услови потпишани во Договорот за пријателство и добрососедство, може да го започнеме преговарачкиот процес за влез на Северна Македонија во ЕУ.

Сител