Ѓоковиќ мора да плати парична казна и добива забрана за влез во Австралија

0
39

Со едногласна одлука од сите тројца судии во Федералниот суд во Мелбурн, донесена е пресуда – Новак Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија, нема да игра на Отвореното првенство во Мелбурн каде требаше да ја брани титулата и ќе мора да плати отштета од 500.000 австралиски долари.

Најдобриот тенисер на светот го изгуби случајот пред Сојузниот суд на Австралија. Нема право на жалба, а веќе се знае и тенисерот кој ќе го замени во главната ждрепка – тоа е Салваторе Карузо, 150. рангиран играч од Италија кој ќе биде тн. лаки лузер.

Врховниот судија Џејмс Алсоп, одлуката на тричлениот Совет била едногласна и Новак ќе биде депортиран од земјата. Пишаните причини на оваа судска одлука ќе бидат саопштени во деновите кои следуваат.

 

За потсетување, на Новак му беше укината визата по доаѓањето во Австралија, на што тој и неговиот правен тим доставија жалба и победија на првото рочиште на судот во Викторија.

После тоа, министерот за имиграции на Австралија Алекс Хок ја искористи можноста повторно да му ја укине визата, а крајниот збор го имаше Федералниот суд.

 

Преземено од Офф Нет