136 санкции за пребрзо возење на подрачјето на СВР Тетово

0
36

Денеска (30.01.2022) во периодот од 10.00 до 15.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 136 возачи. Од нив, 93 на територија на Тетово, а 43 на територија на Гостивар. Од овие 136 казнети возачи, 50 возеле со брзина за повеќе од 50 километри на час над дозволеното, а дури 10 со над 70 километри на час над дозволеното.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.