АЛСАТ – Полицаец од Тетово иноватор; Работи на обновлива енергија со електромагнети

По професија е полицаец во тетовската полиција 19 години, но хоби му се иновациите, особено електричните и електронските.

Старите апарати за кујна и бања кои ги фрламе, за Али Касами се репроматеријални. Главно користи електрични мотори за поголеми машини, но и други електронски делови.

„Направив некои иновации, машини за мешање ајвар кои порано се правеа рачно, а сега со струја. Направив мешалка со струја, затоа што порано се мешало рачно а сега со струја, работам и на тродимензионалното лого што го немаме овде и направив машина за печење костени, рече Али Касами иноватор

Не добива помош од државата, додека се случува да издвојува и пари од платата за работата што ја работи. Тој бара државата да се доближи до овие луѓе кои се занимаваат со иновации за ширење на нивното знаење до учениците. Не се ни трудам да ги патентирам сопствените производи, вели Али, бидејќи цената на патентирањето е исклучително висока.

„Сум заинтересиран да патентирам производи, но тоа е скапо и не можам да го постигнам тоа, бидејќи државата како држава мора да им понуди на овие луѓе а да има корист и државата и сите“, Али Касами, Иноватор

Следен проект на Али е производство на електрична енергија од обновливи извори, преку електромагнети, што би ги намалило трошоците во секое домаќинство. Но, овој проект вели Али оди многу бавно, бидејќи работите што се потребни се скапи, но и тешко достапни.

„Нешто што ќе ја комбинира електрониката за да создаде слободна енергија, иако е малку проблем да се прекршат законите на физиката, но со помош на електромагнетот и нешто слично планирам да го направам тоа“, Али Касами, иноватор. /Алсат.мк