Анализа: Како би изгледал распоредот на партиите во Собранието ако се гласаше во една изборна единица

Коалицијата на СДСМ и БЕСА наместо 46 пратеника, би освоила 45, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ пак, наместо 44 ќе има 43 народни избраника.

По еден помалку ќе имаат и ДУИ и коалицијата на Алијанса и Алтернатива – 14 наместо 15, односно 11 наместо 12.

Од овие поместувања најмногу би добила Левица. Таа наместо 2 би имала дури 5 пратеника, а едно место во Собранието би добила и Интегра. ДПА би останала исто со еден пратеник.

Ова го покажува симулацијата на тоа каков парламент би се добил во 2020 година доколку тогаш се применеше предлогот на помалите партии за една изборна едница без изборен праг. Секако, уште поразлична слика Собранието би добило ако се искористат резултатите од локалните избори.

Тенденциите се јасни, велат политичките аналитичари.

Со една изборна единица се добива разноликост и поголема правичност каде еден глас вреди исто насекаде во државата, но се добива и ризик за почести трансфери во Собранието.

Лекот, според Арсовски не е само во изборниот праг, туку и во отворените листи кои би се вовеле понатаму.

Сител телевизија