Бајден: Американци, напуштете ја Украина, работите брзо може да излезат од контрола

Американските државајни итно да ја напуштат Украина.Вашингтон под никакви околности нема да испрати трупи во Украина ни заради спасување на американски државјани во случај на руска инвазија, зашто тоа би предивикало светска војна порача Бајден.

-Тоа е светска војна кога американци и руси ќе почнат да пукаат едни кон другуи. Ние сме во многу поразличен свет од кога и да било .Се справуваме со една од најголемите армии во светот. Ова е многу различна ситуација, работите може да се влошат многу брзо истакна американскиот претседател во интервју за  NBS News.

Инвазијата може да почне во секој  момент, дури и пред крајот на Олимпијдата во Пекинг која трае  до 20 февруари предупреди шефот на американската диполоматија.

Можат да се видат многу вознемирувачки знаци на руска ескалација, вклучително и нови сили кои пристигнуваат на украинската граница Како што рековме претходно, се наоѓаме во прозорец кога инвазијата може да започне во секое време и за да биде јасно, тоа вклучува и за време на Олимпијадата рече Блинкен.

Според наводи на НАТО Русија распроедила над 120 000 војници на границата кон Украина, потег кој во Киев и западните престолнини се толкува дека русите планираат нов напад. Дополнителна загриженост кај Западот предизвикуваат  руско –  белоруските воени маневри кои почнаа вчера во близина на границата на Белорусија со Украина.  Москва демантира планови за воени дејствија. За да ги смири тензиите бара обврзувачки гаранции од САД и НАТО меѓу кои и Украина никогаш да не се  приклучи на НАТО и алијанста да ги повлече своите војници и оружје од Источна Европа.  За Вашингтон и Брисел таквите барање се неприфатливи и не можат  да бидат дел од преговорите. За Путин преговорите  за руските барања не се завршени.