Бектеши смета дека кризата во Украина може да влијае на цените на струјата

 

Руско-украинската криза нема да влијае на енергетската состојба во земјава, посебно не во делот на рестрикции иако смета дека е можно да влијае на цената на електричната енергија, смета министерот за економија, Крешник Бектеши.

Сепак тој појаснува дека кризата би можела да влијае во делот на цените на струјата, имајќи во предвид дека само денеска имало сериозно зголемување на цената на берзите во споредба со претходните денови, а посебно на ХУПЕКС берзата.

Министерот за економија на денешната прес-конференција потенцираше дека земјава веќе го намали увозот на електрична енергија за потребите на домаќинствата и универзалниот снабдувач

 

.