Бени: Гоце Делчев за мене Македонец и толку!

Пејачот Бени Шакири им изрази полна поддршка на Македонците во спорот со Бугарија. За време на жестоката дебата со Мирко Попов и Сашо Тасевски на Канал 5, Шакири рече дека и покрај тоа што е Албанец и Муслиман, мора да застане на страната на правдината.

Мојата преспектива е следна – Гоце Делчев за мене е Македонец и толку! Политичарите и историчарите можат до задутре да зборат што сакаат. Тој 1940 и која година е донесен овде во Свети Димитрија, значи Георги Димитров дозволи моштите на Гоце Делчев да бидат тука.., изјави Шакири пред да биде прекинат од порашениот соборец од Шарената револуција Мирко Попов.