Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката

Од СВР Тетово информираат дека Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (15 февруари) во 18 часот, во гостиварско Здуње, го лишиле од слобода 29-годишниот С.А. од Република Албанија кој, според пријавеното, околу 17 часот физички нападнал 27-годишна жителка од гостиварско со која бил во љубовна врска.

Против С.А. ќе следува соодветен поднесок, информираа од полицијата.