Вработена во средно училиште во Гостивар нападната од колега

Четириесетгодишна гостиварка вчера во 17 часот во СВР Тетово пријавила дека нецел час пред тоа на работното место во гостиварска образовна институција физички била нападната од нејзиниот 54-годишен колега Т.Е., информираат од СВР Тетово.

Неофицијално, нападот се случил во средно училиште во градот.

Случајот целосно е расчистен и против пријавениот Т.Е. ќе следува соодветен поднесок.