Вработен на Попова Шапка возејќи моторна санка се судрил со малолетен скијач од Косово

При судар на еден од скијачките терени на Попова Шапка се повредени две лица, соопшти тетовската полиција. Според полицијата, едното лице е малолетник, а другото е вработен на Попова Шапка.

Малолетникот од Косово вчера додека скијал удрил во моторна санка што ја управувал вработен во фирмата што стопанисува со скијачкиот центар, соопшти СВР Тетово. И двете лица се повредени и пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од тетовската полиција.