Гостиварско – Жена нападната со нож во нејзиниот двор

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека вчера (16 февруари) околу 11 часот и 40 минути, 33-годишната Х.К. од гостиварско Дебреше пријавила дека десетина минути пред тоа во дворот пред нејзината семејна куќа во Дебреше била нападната од едно машко лице, кое и барало пари и кое со остар предмет и нанело повреди.

Полицијата извести дека се расчистува и документира случајот.