ЕУФОР испраќа дополнителни 500 војници во БиХ како мерка на претпазливост

Четири чети со околу 500 припадници од европските резервните сили (ЕУФОР Алтеа) кои се стационирани надвор од Босна и Херцеговина, ќе бидат распоредени во земјата во следните две недели, како засилување на постоечките сили со цел „поефективна поддршка на нашите партнери во БиХ“ во одржувањето на безбедна и стабилна средина, соопшти ЕУФОР.

ЕУФОР наведе дека „влошената безбедносна ситуација на меѓународно ниво може потенцијално да предизвика нестабилност во Босна и Херцеговина“.

Распоредувањето на овие сили е мерка на претпазливост, која се презема со цел да се зајакне стабилноста во БиХ со позиционирање на доволен број способни сили во земјата, кои ќе им дадат поддршка на институциите на БиХ додека одржуваат безбедна и стабилна средина.

„Нивната задача ќе биде да ја покажат решеноста на ЕУ за одржување на стабилноста во Босна и Херцеговина. Тоа е претпазлива и соодветна мерка што ја одразува недвосмислената посветеност на ЕУ и ЕУФОР за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина“, соопшти ЕУФОР.

Рсе