Жена прегазена во Гостивар, со тешки повреден пренесена во болница

На 02.02.2022 во 17.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар, патничко возило „рено“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(55) од с.Равен, гостиварско, удрило во пешакот Б.Б.(48) од Гостивар, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Б., констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.