„Изненадувачка“ реакција на Ердоган за потегот на Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на отцепените делови на Украина, Луганск и Доњецк. Реакцијата на Ердоган може да изгледа прилично изненадувачка поради неговите многу блиски врски со Путин, но треба да се напомене дека официјална Анкара уште од почетокот на руско украинскиот конфликт смета дека Крим е дел од Украина.

Ердоган ги повика сите страни да го почитуваат меѓународното право.