ИНИЦИЈАТИВА ЗА ГРАДСКИ ПАРК СО ПОВРШИНА ОД 21 ХЕКТАР, НА ПОТЕГ СЕ ИНСТИТУЦИИ БАРАЊЕТО НА НАРОДОТ ДА ГО СПРОВЕДЕ НА ТЕРЕН

Град е со градски, Тетово сака парк е мотото на граѓанската иницијатива за формирање на единствениот парк во Тетово со доволна јавна зелена површина, која на градот би му дал нов урбан и хуман лик. Паркот според предлогот на иницијативата, би бил лоциран на сегашниот простор на фабриките Шик Јелак, Монопол, постојниот Жена парк и поранешниот спротски центар.

-Кога ќе се отпочне со неговата реализација, особено позитивен тренд ќе биде тоа што ваквиот прв вистински парк ќе има средишно место во градот и до него ќе се пристапува брзо од различни области од градот. Вкупната површина на предметната локација изнесува околу 21 хектар, што значи дека ефективно Тетово може да добие околу 15 до 16 хектари нови зелени површини и високостеблеста градска шума, истакнаа од иницијативата.

Оттаму се надеваат дека нивната иницијатива ќе започне да се реализира во рамки на институциите на системот, оти и просторот кој се наведува како иден градски парк е во доминанта сопственост на државата

-Неопходноста од прифаќање на овој предлог лежи во веќе неподносливата децениска негрижа на општината за јавниот простор и квалитетот на живеењето на граѓаните. На бетонизацијата и урбанизацијата и поставувањето на јавниот интерес  на последно место. Тетово има насушна потреба да добие зелен појас, велат од граѓанската иницијатива .

На Иницијативата Град е со градски Тетово сака парк се имаат потшишано и подржано е од шеесетина истакнати граѓани, урбанисти, универзитески професори, архитекти, адвокати, културни работиици.

На потег се институциите, барањето на народот да го спроведе на терен.