Касами се сомнева дека тетовската полиција ја саботира работата на општината

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами се сомнева дека одредени полицикси структури ги запоставуваат дел од барањата на општината поврзани со воспоставување ред во сообраќајот.

Сега имаме ситуација кога го прашуваме или известуваме Секторот за внатрешни работи за работата што треба да ја завршат и во некои случаи сè уште немаме одговор. Немам забелешки до одговорниот на сообраќајот, но имам мои забелешки и сомнежи дека во секторот за внатрешни работи во Тетово има тенденција да се саботира работата на општина Тетово. Сè уште немам аргументи со кои ќе се појавам пред јавноста, но кога тоа навистина ќе стане проблематично за граѓаните, ќе ја информираме јавноста“, вели Касами.

Првиот човек на Тетово при отчетот за првите 100 дена од Владата рече дека најдоцна за два месеца ќе се знае кое ќе биде решението за проблемот со кучињата скитници во Тетово. Касами на прес-конференцијата соопшти дека општина Брвеница одбила на нејзина територија да има центар за засолнување бездомни кучиња.

„Не се работи само за отстранување на кучињата од улиците, туку прашање е како да се запре доаѓањето на други кои во некои случаи ги организираат други општини надвор од Тетово. Треба да најдеме итни, но долгорочни одржливи решенија, бидејќи општина Тетово нема финансиски капацитет да го реши проблемот со 500 или 1000 кучиња кои ни доаѓаат од други општини. Наскоро ќе излеземе со варијанта која е подобра и поефтина за тетовци за решавање на проблемот“, додава Касами.

Меѓу другото, Касами рече дека за 100 дена , успеал да врати 1 милион евра од вкупниот долг на општината. Тој најави и дека продолжувањето на работите на улицата „Благоја Тоска“ ќе се случи кога климатските услови ќе бидат постабилни.

Алсат-М