КЗБ предлага сертификатите за прележан ковид да траат 180 дена, наместо досегашните 45

На денешната прес-конференција Комисијата за заразни болести информираше дека се донесени повеќе препораки за справување со ковид пандемијата. Една од препораките се однесува на траењето на ковид сертификатите.

Комисијата предлага траењето на сертификатите по прележан ковид наместо досегашните 45 дена да трае 180 дена сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.