Ковачевски не сака политиката да се меша во историските прашања и историјата во политичките

Премиерот не открива детали од разговорите на работните групи на министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија кои денеска и утре се водат во Софија. Тој порачува, кога ќе има детали за соопштување, Собранието ќе биде информирано.

Во однос на работата на историската комисија, Ковачевски одби да ги коментира позициите на македонскиот претседател Ѓорѓиев за фашистичкото минато на Бугарија. Го повтори ставот, дека историјата е работа на историчарите.

Во пресрет на денешните разговори бугарската министерка за надворешни работи уште еднаш ги повтори бугарските барања.

Спорот со Бугарија и вчера беше дел од дебата при изборот на заменици министри во Собранието. Премиерот Ковачевски рече дека македонскиот преговарачки тим нема да излезе надвор од црвените линии кои ги постави декларацијата која што ја усвои македонскиот законодавен дом, став во кој лидерот на опозицијата не верува.