Колку поскапо гориво ќе имаме од вторник

Цената на суровата нафта на светските берзи почна да се намалува. По вчерашниот пик од над 104 долари за барел, во моментов, цената на еден барел од овој енергенс на берзата во Лондон чини нешто над 100 долари.

Но и оваа цена е значително повисока од онаа која беше актуелна минатата недела кога Регулаторната комисија за енергетика ја донесе последната одлука за зголемување на цените на горивата во малопродажба.

Во ваква ситуација извесно е дека од понеделник ќе имаме ново, веројатно позначително зголемување цената на бенизнот и дизелот.

Затоа сега, повеќе од било кога, постои оправдана загриженост околу снабдувањето со нафта од Русија, што сигурно ќе се одрази на нејзината долгорочна цена. Некои црни прогнози одат предалеку – споменуваат четирикратно поскапување. Тоа е малку веројатно, но сигурно е дека и зголемувањето на цената на нафтата ќе се користи како средство краткорочно да се намали нејзината потрошувачка, а со тоа и побарувачката на руската нафта.